Како е можно? Хулк за два часа ослабе речиси седум килограми (Видео)

Некогашниот бразилски репрезентативец Хулк шокира со една објава во која покажува колку килограми е ослабен само по еден одигран меч. Хулк моментно игра за Атлетико Минеиро, а пред дуелот со Томбенсе во првенството на Минеиро имал 97,6 килограми.

Хулк го одигра целиот меч, дури беше стрелец и на голот во 89-тата минута со кој Атлетико славеше со 2:1. По завршувањето на мечот, следуваше шокот откако фудбалерот повторно застана на вага да се измери.

По завршување на натпреварот, вагата покажуваше дека Хулк тежи 91,9 килограми, што значи дека загубил 6,7 килограми само за еден и пол час поминати на теренот. Средбата се играла на многу топло време, па иако започнала во 11 часот по локално време, температурата била над 30 степени, што значително влијаело за дополнително потење на играчите.

- Оглас -

Најнови вести