Низ историјата на кошарката видени се забивања со скок од линијата за слободни фрлања, но ова што го направи маскотата на еден универзитет во САД ги надминува сите граници. Со помош на неколку луѓе кои го фрлија во воздух, маскотата „Космо д кугар“ леташе од линијата за три поени до обрачот, ја фати топката во воздух и ја заби во кошот.
Публиката беше во транс, а сите кои го видоа клипот, останаа во неверување. Некои коментираат дека е монтажа, но на трибините во Сан Франциско имаше многу луѓе и сите тие се сведоци дека забивањето беше реално.
Погледнете го чудесното забивање:
И тренерот на Универзитетот Брајгам јанг беше воодушевен и објави видео од забивањето во забавена снимка:
Best mascot in the country. #Cosmo #BYU @byuROC @BYU pic.twitter.com/LXXvMF33zL
— Eric Watson (@erwatso9) February 9, 2020