Шпанскиот весник „АС“ излезе со интересна теорија како Евровизија, која се одржува во Ливерпул, ќе му помогне на Реал Мадрид во пресрет на дуелот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер сити.
Имено, дуелот од Премиер лигата помеѓу Евертон и Манчестер сити, кој требаше да се одигра во сабота, на барање на полицијата е префрлен за во недела бидејќи на денот кога се одржува финалето на Евровизија не смее да се одржуваат други јавни и масовни собири. Така натпреварот Евертон – Манчестер сити сега ќе се одигра во недела, а избраниците на Пеп Гвардиола ќе имаат еден ден помалку за подготовка за дуелот против Реал, кој на програмата е во среда.
https://twitter.com/diarioas/status/1656400166125969409?s=20