Како фудбалер освои 20-тина трофеи, а сега има спектакуларен старт како тренер

Чаби Алонсо имаше фантастична кариера која траеше речиси две децении и постојано играше на врвно ниво. Во дресовите на Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен се радуваше на многу трофеи, а со Шпанија беше дел од златната генерација која во периодот од 2008 до 2012 година два пати беше европски и еднаш светски првак.

Алонсо денеска имаше огнено крштевање во тренерските води и тоа како предводник на екипата на Баер Леверкузен. Шпанецот беше назначен за нов тренер на Фармацевтите, кои во во првите осум кола во Бундеслигата имаа само една победа.

Со Алонсо на клупата, Баер делуваше неверојатно моќно во дуелот против Шалке и пред своите навивачи победи со убедливи 4:0. Во останатите мечеви кои се играа попладнево во Бундеслигата, Аугзбург – Волфсбург 1:1, Бохум – Ајнтрахт Франкфурт 3:0 и Мајнц – Лајпциг 1:1.

- Оглас -

Најнови вести