Како фудбалерка во Шкотска се справува со дислоцирано колено на сред меч? (видео)

Жените се поголеми мажишта во фудбалот од сите ѕвезди кои заработуваат енормни суми, еве и потврда. Капитенката на женскиот клуб на Сент Мирен од Шкотска, Џејн О‘Тули, при дуел со противничка падна на земја и го дислоцира десното колено.

Џејнс почувствува болка, но наместо да прави драма на тревата, сама го реши проблемот така што со неколку удари го врати коленото на место и продолжи да игра. Да се најдеше Нејмар во ваква ситуација, ќе посведочевме на врвна театарска претстава со лелекање и плачење, како и прекумерено вртење на зелениот тепих.

- Оглас -

Најнови вести