32.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Како го доживуваат жолтиот ѕид на култниот Вестфален: Остануваш без здив, како сите да гледаат само во тебе

Поранешниот дански репрезентативец Никлас Јенсен вели дека се уште го памети периодот од 2003 до 2005 година кога беше член на Борусија Дортмунд и повторно го опиша според него неверојатното чувство да се игра пред најпознатиот фудбалски ѕид во Европа.

Навивачите на Борусија зад едниот гол на култниот Вестфален, сега “Сигнал идуна Парк“ прават неверојатен Жолт Ѕид на трибина што е без седишта, во фантастичен фудбалски амбиент.

„Кога ќе погледнеш кон нив занемуваш. Секогаш ми се повторуваше истото и без разлика колку пати играш на Вестфален чувството е исто, остануваш без здив. Како сите да гледаат во тебе. Амбиентот е барем за еден степен подобар од сите други на кои сум играл во речиси 20-годишната кариера“, вели Јенсен.

Поранешниот дански репрезентативец играше во период кога на Борусија не и одеше најдобро, но вели дека и тогаш и сега атмосферата е ненадминлива.

„Тогаш клубот беше во некаква чудна криза, но навивачите без резерва не подржуваа. Едвај чекав само да гледам кон Жолтиот ѕид, до толку е импресивна и глетката и атмосферата. Нема подобра во Европа од таа на култниот Ветсфален пред 70-80 илјади фанатични навивачи“, вели 47-годишниот Јенсен.

Пред да игра за Борусија, дефанивецот со 62 настапи за Данска беше член и на Лингби, ПСВ Ајндховен ФК Копанхаген и Манчестер сити, а од Борусија замина во Фулам па ја заврши кариерата во ФК Копенхаген, клуб од неговиот роден град.

 

- Оглас -

Најнови вести