Новак Ѓоковиќ не освои ниту една титула оваа сезона, но сепак успеа да се издигне и да дојде до златниот медал на Летните олимписки игри во Париз. Интересен коментар на оваа тема има Андреа Петковиќ, германска тенисерка со српски корени.
„Ѓоковиќ на сите нам ни покажа што може да направи верата за пресврт во сезоната. Не освои ниту една титула цела сезона, што не е невообичаено за кого било, освен за него, но ја пронајде својата најдобра игра за да освои злато кога беше најпотребно. Како го направи тоа? Веруваше и во себе и во Бог. Носеше крст околу вратот и често го чепкаше пред важните поени“, вели Петковиќ.