Како Ѓоковиќ ги воспитува своите деца: Стефан и Тара ми се жалат дека само тие во училиште немаа телефони

Новак Ѓоковиќ дефинитивно е еден од најголемите спортисти на сите времиња, тенисер кој стигна до најголем број освоени гренд слем титули и држи голем број на рекорди кои тешко дека во скоро време може да бидат достигнати.

Србинот е познат како голем професионалец кој цврсто се држи до дисциплината, а сега речиси на ист начин ги воспитува своите деца. За време на гостувањето на емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“ на Блиц ТВ, Ѓоковиќ ја отвори и темата за тоа како ги воспитува своите деца.

„Од Јелена Генчиќ научив зошто е многу важно да слушам класична музика, да читам книги. Денешната генерација има многу поголеми предизвици, тогаш немаше социјални мрежи. Децата сега само гледаат во телефоните“, вели Ѓоковиќ кој откри дека неговите деца Стефан и Тара уште не користат мобилни телефони.

„Не се гледа сега од друга перспектива. Ние сега живееме во дигитална доба. Технолошкиот развој е неверојатен, но моите деца уште немаат мобилни телефони. Мојата сопруга и јас се бориме така да биде, а децата само ни се жалат дека сите освен нив, во училиште носат мобилни телефони. не е лесно, а тоа се пресликува и на друго ниво. Ако сите нешто прават, цело стадо тоа го прави, мораш да ги следиш. Па, не мора баш да биде така. Тоа е она по кое мислам дека ние се разликуваме од останатите. Ние сме своеглави и на позитивен и на негативен начин“, рече Ѓоковиќ, кој е во Србија каде ќе биде дел од Дејвис куп репрезентацијата која за ривал ја има Грција.

Ѓоковиќ најави дека ова може да е и негов последен настап пред домашната публика во кариерата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести