Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ откри дека негов нов тренер ќе биде Енди Мареј. Популарниот Ноле во името на Мареј имаше голем ривал со години, а Британецот неодамна замина во пензија, за сега повторно да се врати во тенисот и тоа како тренер на Ѓоковиќ.
Овие двајца тенисери меѓу себе имаат одигран 36 меча, а Србинот е попуспешен со 25 победи, додека Мареј се радувал 11 пати. Мареј беше дел од Големата четворка во која освен него и Ѓоковиќ беа и Рафаел Надал и Роџер федерер. Британецот освои три гренд-слем трофеи (два на Вимблдон и еден на САД Опен) , а е сопственик и на две олимписки златни медали од Игрите во 2012 и 2016 година.
View this post on Instagram