Како гром од ведро небо се појави нов кандидат за клупата на Милан

Додека сезоната во Серија А е привремено прекината поради пандемијата со Коронавирусот, управата на Милан може детално да ги разгледува сите опции за нов предводник на клупата. Стефано Пиоли речиси сигурно нема да ги води Росонерите во новата сезона, а по Рафл Рангник и Лучијано Спалети, се појави трет кандидат, кој според најновите информации има големи шанси да ја добие работата.

Унаи Емери е стратегот кој може да седне на жешкото столче на седумкратниот европски првак. Шпанецот е без работа од ноември минатата година, кога доби отказ од Арсенал, а се чини дека нема долго време да биде надвор од фудбалските активности. Иако планот на Емери беше да се врати во Шпанија, каде што имаше успешна авантура со Севилја, или пак евентуално да добие добра понуда од Англија, најверојатно ќе го прифати предизвикот да го покаже своето знаење во Серија А.

Емери добиваше откази од ПСЖ и Арсенал, додека претходно со Севилја оствари неповторлив успех освојувајќи три титули во низа во Лигата на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести