Како игра Реал, може спасот да го бара во Жозе Мурињо

Реал Мадрид и оваа сезона може да се прости од трката за титулата во Шпанија. Кралскиот клуб има шест порази по само 18 кола, а минатата сезона на 38 меча загуби само шест пати и не успеа да ја освои титулата.

Резултатите и слабата игра на Реал, се повеќе ги подгреваат шпекулациите дека може да дојде до смена на тренерското место. Сантијаго Солари очигледно не може да се носи со притисокот да води гигант како што е Реал, а и играта не е на посакуваното ниво.

Пред помалку од еден месец без работа остана Жозе Мурињо. Португалецот доби „шут карта“ од Манчестер јунајтед, а уште тогаш започнаа шпекулациите дека Мурињо може да се врати на „Сантијаго Бернабеу“. Како што игра Реал и резултатите кои ги остварува, се поверојатно е дека ова може и да се оствари. Мурињо во Реал беше три сезони.

- Оглас -

Најнови вести