25.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Како играчите на Ливерпул ги дочекаа последните секунди од Челзи – Манчестер сити (Видео)

Играчите на Ливерпул не дочекаа на терен да се израдуваат на титулата која ја чекаа 30 години. Гигантот од „Енфилд роуд“ одигра фантастична сезона и јасно беше дека ќе биде првак, а официјалната промоција се случи синоќа, откако Манчестер сити загуби на гости кај Челзи со 2:1, по што стана јасно дека никој нема да може да го стигне Ливерпул во следните седум кола до крајот на првенството.

Играчите на Ливерпул беа собрани и заедно го гледаа синоќешниот меч во Лондон, а посебно со нетрпение ги очекуваа последните неколку секунди од средбата на „Стемфорд бриџ“. По завршување на дуелот започна големото славење и скандирање „Шампиони, шампиони“.

https://twitter.com/i/status/1276273862574067726

- Оглас -

Најнови вести