Како изгледа кога голман сака да биде бек, а не знае да игра ниту со нога ниту со глава (Видео)

Јавор и Спартак одиграа нерешено 2:2 на дуелот во Ивањица, a потегот од 21-вата минута е најсеирџискиот момент во српското првенство за изминатиов викенд. Гостинскиот голман Филип Дујмовиќ реши да биде во улога на бек и истрча од шеснаесетникот во обид да исчисти една топка.

Голманот се обиде со нога да ја расчисти опасноста, но топката само ја префрли поблиску до својот гол. Вториот обид Дујмовиќ го имаше кога се обиде и со глава да ја расчисти опасноста, но ја промаши топката. Тоа го искористи домашниот играч Луковиќ, кој ја освои топката и без проблем погоди во празната мрежа.

Погодокот може да го видите во 40-тата секунда од видеото.

 

- Оглас -

Најнови вести