Летниот трансфер-период го одбележуваат трансферите на играчите од Европа во Саудиска Арабија и големите суми пари кои им се нудат не само на фудбалерите туку и на клубовите како обесштетување. Од она што е веќе официјално може да се направи и идеалната постава од првенството на Саудиска Арабија.
Осуммина од овие единаесетмина фудбалери направија трансфери ова лето, додека тројца се веќе староседелци.
На голот би бил Менди, кој од Челзи потпиша за Ал-Ахли. Во одбраната се Кулибали, кој се пресели од Челзи во Ал-Хилал, и староседелците Хегази (Ал-Итихад) и Конан (Ал-Наср).
Средниот ред го сочинуваат Канте (Ал-Итихад), Брозовиќ (Ал-Наср), Невеш (Ал-Хилал) и Фирмино (Ал-Ахли).
На крилните позиции се Жота, кој од Селтик се пресели во Ал-Итихад, и веќе староседелецот Кристијано Роналдо, кој од зимата е фудбалер на Ал-Наср.
Нападот го предводи Карим Бензема, кој се пресели од Реал Мадрид во Ал-Итихад.
Од клупата може да ги предводи Стивен Џерард, кој е нов тренер на Ал-Итифак.