Како изгледа распоредот на Ливерпул, Арсенал и Сити до крајот на сезоната

На девет кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, дури три екипи ќе водат мртва трка за титулата, Ливерпул, Арсенал и Манчестер сити.

Ливерпул влегува како лидер на табелата пред последните девет кола со 67 бода, два повеќе од второпласираниот Арсенал, додека Манчестер сити има 64 бода.

Мала предност за Ливерпул претставува и податокот дека игра во послабото европско натпреварување Лигата на Европа, додека Манчестер сити и Арсенал ќе играат во завршницата од Лигата на шампионите.

Тоа што е мана за Ливерпул и за Манчестер сити е што ќе играат три меча по ред на гости, додека Арсенал трипати ќе игра пред своите гледачи.

Комплетен распоред на Ливерпул, Арсенал и Манчестер сити до крајот на сезоната:
31 коло: Ливерпул – Шефилд, Арсенал – Лутон, Манчестер сити – Астон вила.
32 коло: Манчестер јунајтед – Ливерпул, Брајтон – Арсенал, Кристал палас – Манчестер сити.
33 коло: Ливепул – Кристал палас, Арсенал – Астон вила, Манчестер сити – Лутон.
34 коло: Фулам – Ливерпул, Арсенал – вулверхамптон, Тотенхем – Манчестер сити.
29 заостанато коло: Евертон – Ливерпул, Арсенал – Челси, Брајтон – Манчестер сити.
35 коло: Вест хем – Ливерпул, Тотенхем – Арсенал, Нотингам форест – Манчестер сити
36 коло: Ливерпул – Тотенхем, Арсенал – Борнмут, Манчестер сити – Вулверхамптон.
37 коло: Астон вила – Ливерпул, Манчестер јунајтед – Арсенал, Фулам – Манчестер сити
38 коло: Ливерпул – Вулверхамптон, Арсенал – Евертон, Манчестер сити – Вест хем.

- Оглас -

Најнови вести