Како изгледа стомакот на Ѓоковиќ пред денешниот меч со Зверев? (Фото)

Секој меч за Новак Ѓоковиќ е како финале, посебно поради драматичната повреда која ја има Србинот, кој не се откажува од атакот на Отвореното првенство на Австралија. Популарниот Ноле веќе неколку дена се жали на болки во стомакот, но одигра два меча на кои на крајот се радуваше.

Денеска Ѓоковиќ за противник ќе го има Александер Зверев и тоа ќе биде борба за пласман во полуфиналето. Србинот повторно се жали на болките во стомакот, но во претходното коло против Милош Раониќ покажа дека силата ја нема загубено. Во еден момент кога Ѓоковиќ на кратко ја подигна маицата, се забележа дека добар дел од стомакот му е обвиткан, но и дека така знае да победува.

Ѓоковиќ и Зверев одиграле девет меча, а билансот е 6:3 во корист на светскиот рекет број 1. Ѓоковиќ ги има добиено последните четири дуели одиграни во последните година и пол. И сега Ѓоковиќ е фаворит, но останува да се види дали Србинот ќе успее да ги издржи и болките кои ги има во стомакот и да се пласира во полуфиналето на гренслемот на кој го брани тронот.

Во полуфиналето пласман веќе обезбеди Русинот Аслан Карашев, кој со 3:1 во сетови го победи Григор Димитров од Бугарија (2:6, 6:4, 6:1, 6:2). Првиот сет без прблеми го доби фаворизираниот Димитров, но потоа следуваше шоу на 114-тиот тенисер на АТП листата. Карашев во полуфиналето го очекува подобриот од дуелот Ѓоковиќ – Зверев.

- Оглас -

Најнови вести