Како изгледа тика-така акција во ракометот (Видео)

Германската ракометна репрезентација не дозволи никакво изненадување и со 31:23 ја победи Белорусија, во првото коло од групната фаза на Европското првенство. Панцерите ја покажаа силата и без проблеми стигна до сигурен триумф.

Моментот на мечот се случи пред крајот на средбата, кога Германците одиграа перфектна акција. Со многу вкрстувања на играчите, на крајот Германците дадоа ефектен гол, а стилот потсетуваше на тика-така нападите на Барселона на фудбалскиот терен.

https://twitter.com/i/status/1217912489968406529

 

- Оглас -

Најнови вести