Како изгледаа трансферите не така одамна: Смешна е сумата за трансферот на легендата (Фото)

Јари Литманен е најдобриот фински фудбалер на сите времиња. Тој се прослави во дресот на Ајакс, а играше и во Барселона, Ливерпул, Лахти, Ханса, Малме, Фулам, за да ја заврши кариерата во 2011 година во дресот на Хелсинки.

Во 1992 година, тогаш младиот Литманен направи трансфер од финскиот тим МиПа во Ајакс. На социјалните мрежи излезе договорот кој го направи Литманен да биде нов играч на Ајакс. За трансферот на Литманен, МиПа заработи 100.000 германски марки (околу 50.000 сегашни евра). Откупната клаузула му изнесувала 800.000 марки.

Договорот на Литманен го потпишал тогашниот тренер на Ајакс, легендарниот Луи ван Хал.

Литманен во Ајакс остана до 1999 година, освојувајќи повеќе од 10 трофеи, меѓу кои најзначаен е тој во Лигата на шампиони во 1995 година. Најголемиот трансфер на Литманен беше тој од Ајакс во Барселона, кога за сума од сегашни четири милиони евра, пристигна на „Камп Ноу“. Вториот најскап трансфер му е кога за сума од два милиони евра пристигна во Ханса.

Легендарниот голгетер одигра и 137 меча за Финска, а постигна 32 гола. Во кариерата освои повеќе од 20 трофеи и беше еден од најдобрите во својата генерација, а сумите на трансферите што ги правеше се вистинска смешка во однос на сегашните.

 

- Оглас -

Најнови вести