Како изгледаат најсмешните и најтрагични неколку секунди на еден фудбалер? (Видео)

Изминатиот викенд Браушвајг го победи Мепен во меч од третата германска Бундеслига и тоа беа важни бодови за домаќинот во борбата за опстанок. Браушвајг сега веќе не е во зоната за испаѓање и притисокот е помал. Најмногу на победата на домаќините се израдува играчот Мануел Јанзер.

Иако Јанзер не се запиша во листата на стрелците, тој е најсреќен бидејќи поради него, домаќините не се израдуваа на уште еден сигурен гол. Како малер на мечот, Јанзер беше во ситуација да даде гол, но само од неколку метри ја погоди стативата, а не празната мрежа. Во продолжение на акцијата, истиот играч се најде во улога на гостински голман, па спаси сигурен погодок.

За среќа овие малерозни секунди на Јанзер немаа влијание на конечниот резултат.

- Оглас -

Најнови вести