Како изгледаше и колку вредеше тимот на ПСЖ од пред 10 години (Фото)

Пари Сен Жермен на триумфален начин ја заврши одбраната на титулата во француското првенство и ја продолжи доминацијата. Во корист на „светците“, работите се сменија во 2011 година, кога „Катар спортс“ реши да купи 70 отсто од акциите на клубот и да стане доминантен сопственик.

Пред Арапите да влезат во ПСЖ, најпознат играч беше Лудовик Жили, кој беше пред крајот на кариерата, како и Клод Макелеле, кој ја играше последната сезона. Останатите играчи на ПСЖ од таа сезона и не се многу познати. Интересно е тоа што пред 10 години ПСЖ имал еден скромен тим кој се борел и мечтаел за излез во Европа.

Точно пред една декада, односно во сезоната 2008/09, ПСЖ како прва ѕвезда во тимот го имаше Ротен, кој вредеше осум милиони евра, Жили беше 7 милиони евра, а Матеја Кежман вредеше 6 милиони евра. Таа сезона 2008/09, ПСЖ заврши на шестото место на табелата, а тимот на најскапи играчи од тогаш, сега вредат многу помалку само од една ѕвезда на ПСЖ. За Нејмар, францускиот првак плати 222 милиони евра, сума која само пред 10 години било нешто незамисливо.

Само Нејмар и Килијан Мбапе заедно вредат над 400 милиони евра, сума која била незамислива пред 10 години. Погледнете ја споредбата на клубовите на ПСЖ од пред 10 години и тој сегашниот. Од страна стои сумата за која играчите биле донесени во клубот.

- Оглас -

Најнови вести