Пред повеќе од 30 години, Диего Армандо Марадона беше фудбалерот кој до лудило ги доведуваше противничките играчи, правејќи потези како никој друг претходно. Легендарниот Аргентинец имаше блескава кариера, која можеше да биде уште подобра, доколку не започна со конзумирање на дрога.
Во деновите на светска слава, Марадона го носеше дресот на Наполи, тим со кој во 1989 година го освои Купот на УЕФА. Во финалето Наполи го победи Штутгарт, а посебно се памти и полуфиналето против Баерн Минхен. Наполи имаше предност од 2:0 по мечот во Неапол, а пред реваншот во Минхен, Марадона го изведе најлегендарното загревање.
Со одврзани копачки, Марадона речиси во текот на целото загревање правеше шоу со топката, кое вреди да го видиме повторно и по повеќе од три децении.