Тенисерите на Југ ја одбранија титулата шампиони на Македонија во екипна конкуренција. Тие во решавачкиот меч на терените на ТК Југ во Скопје, за првото место го совладаа Неготино со 3-2.
Се играа четири сингл меча, по кои резултатот беше 2-2 во победи, а потоа синоќа во последниот решавачки дуел во двојки, Мирза Башиќ и Нермин Фатиќ победија со 2-0 во сетови против Миљан Зекиќ и Стефан Мицов.
На шампионатот настапија пет тима, а на крајот пехарот за титулата замина во рацете на Томислав Јотовски како капитен на Југ, и на Мицов како капитен на Неготино. Клубот Југ е доминантен на домашна сцена, досега ги има освоено сите титули, а годинава тимот беше засилен со двајца квалитетни босански тенисери и еден Турчин.