Кошаркарскиот клуб Партизан вечерва (20:45 часот) за првпат по три години ќе излезе на евролигашки паркет без човекот кој беше синоним за тимот, Жељко Обрадовиќ, кој го водеше клубот до најголемиот успех во сезоната 2022/23, кога стигнаа до четвртфиналето на Евролигата. Ќе се обиде да го замени Мирко Оцокољиќ, кој е поставен за в.д. тренер по неговото заминување.
Оваа сезона го донесе тимот до спротивниот крај. Лошиот старт и само четири победи во 13 кола, заедно дури со седум порази во последните осум натпревари, доведоа до тоа Обрадовиќ да поднесе оставка од местото тренер по дебаклот во Атина против Панатинаикос, среде сезона – првпат во својата 34-годишна тренерска кариера.
Како што самиот рече, едноставно повеќе не можел да издржи.
Од минатата среда отказот на Обрадовиќ стана централна тема во Европа, а случувањата во Белград ја отворија „Пандорината кутија“ во клубот, од која неизвесноста се прошири кај голем дел од навивачите на Партизан со едно единствено прашање – што следува понатаму? Сега ударот е насочен кон првиот човек Остоја Мијаиловиќ.
Без Обрадовиќ, многу прашања остануваат да висат: како ќе изгледаат ротациите, каква ќе биде филозофијата на игра, кој ќе ја преземе лидерската улога, каква е иднината на Партизан, кој ќе биде најголемиот добитник, а кој можеби губитник на оваа промена.
Навивачите на Партизан години наназад градеа посебна врска со Обрадовиќ, а ова ќе биде прва можност да се види како ќе реагира публиката: дали ќе доминираат емоции, страв, поддршка на тимот или мешавина од сè тоа.

Партизан е умерен фаворит вечерва против Баерн Минхен, а интересно ќе биде на дуелот меѓу Олимпијакос и Фенербахче. Најголем фаворит е Хапоел Тел Авив, кој игра против Асвел.
Покрај стандардните квоти, подготвена е и огромна понуда на поентерскиот ефект на кошаркарите.


