Како ќе изгледа ПСЖ по доведувањето на Донарума, Хакими, Рамос и Вајналдум?

Пари Сен Жермен потпиша договор со Холанѓанецот Вајналдум, пред реализација е на неколку звучни трансфери, па некои медиуми направија графички приказ како би изгледал почетниот состав на ПСЖ во претстојната сезона.

Тимот делува навистина силно, со тоа што треба да се види дали Џиџи Донарума ќе се избори да биде стартер на местото на староседелецот Кејлор Навас, и дали за Серхио Рамос ќе мора да има место, и тимот да ја менува формацијата, па да игра со тројца стопери позади.

Шпанецот Рамос, кој 16 години играше за Реал Мадрид, го договори трансферот во ПСЖ, а според шпанските медиуми, главна причина што заминува во Париз, освен парите, е и тоа што таму има многу играчи со кои се знае од Реал и што има тренер кој зборува шпански.

- Оглас -

Најнови вести