Како ќе изгледа Сити без Родри? Гвардиола има план, но и решение

Манчестер сити на подолг период остана без еден од своите најдобри фудбалери, Родри, кој ќе мора да оди на операција на коленото, после повредата која ја доби на мечот против Арсенал.

Сепак, Сити има широк ростер, а Гвардиола не е загрижен како ќе ја покрие таа позиција, иако признава дека Родри е најдобриот.

„Имам решение, играчи кои може да покријат на таа позиција. Но сепак, Родри е најдобриот на таа позиција, најдобар на долгите топки, во освојување на поседот, транзицијата … Ако играме на долги топки без Родри, сигурно ќе изгубиме. Че изгубиме 10 од 10 натпревари. Не се проблем воздушните дуели, ќе се подготвиме за тоа, ќе ја вратиме топката ако треба. Мора да се прилагодиме со играчите кои ги имам, можеби некој од нив ќе ни донесе нешто што Родри го нема или можеби ќе ставам двајца играчи на тоа место.“ – вели Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести