Традиционално, во Шпанија трката за титулата е меѓу Барселона и Реал Мадрид. Каталонскиот гигант е лидер, но Кралскиот клуб сигурно нема лесно да го предаде тронот.
Шпанскиот весник „Ас“ објави како би изгледала табелата во Примера дивисион доколку немаше интервенција на ВАР-системот. Интересно е тоа дека најголемата промена на табелата би била на врвот на табелата.
Наместо водечката Барселона, на чело би бил Реал Мадрид, и тоа со 76 бода, односно седум повеќе од тоа што има сега. Интересно е дека Барселона би имала дури осум бода помалку од Реал, односно дури шест помалку од тоа што има по 32 одиграни кола.
„ВАР-системот сезонава беше користен 162 пати и веќе го надмина бројот на интервенции од минатата сезона, кога имаше 154 ВАР-интервенции. Сезонава е на прагот да се надмине и рекордот од сезоната 2022/23, кога ВАР-системот беше користен вкупно 179 пати. Техничкиот одбор на судиите е критикуван поради овие бројки. Посебно затоа што претседателот на тоа тело, Медина Канталјеро, постојано повторува како ВАР не треба толку да се меша во одлуките. Оваа сезона ВАР-системот поништи 36 гола поради офсајд. Минатата сезона беа поништени само 22 гола“, пишува во анализата на текстот.
Најмногу критики доаѓаат од ситуациите кога ВАР не интервенираше, а Реал Мадрид и Виљареал беа најгласни во изминатата недела. Мадриѓаните се жалеа на недосудениот пенал по фаулот над Белингем и поништениот гол на Винисиус поради претходен офсајд на Ендрик.
„Ова е третиот свет. Тоа е за потсмев на љубителите на фудбалот воопшто, а особено на навивачите на Реал Мадрид. ФИФА не избра ниту еден шпански судија за Светското клупско првенство. Не знаеме дали тоа е поради тоа што се лоши или затоа што се сомневаат во нив, исто како нас. Ова е неприфатливо, тоа е вистински срам“, рекоа тие за Реал ТВ.
Жолтата подморница, пак, се пожали на поништениот гол на Ејонг поради претходен фаул.
„Заслужуваме почит. ВАР е воведен во фудбалот за вакви ситуации“, коментираат од таборот на Вилјареал.