Реал Мадрид го совлада Жалгирис со 88-82 и дојде до својата 13-та победа по ред во Евролигата. За одбележување е играта на Руди Фернандес во втората четвртина, кога реализираше 17 поени и погоди пет тројки. Руди веќе не даде кош, остана на тие 17, но ќе се паметат. Реал има три порази сезонава, едниот од Жалгирис, па ова вечерва беше и реванш на Шпанците против Литванците.
Фенербахче како гостин ја совлада Басконија со 79-65, Милано го надигра Панатинаикос со 96-87, а Макаби победи во Берлин против Алба со 95-89. Реал со 15-3 е лидер, а Ефес, кој има 14-3, утре може да му се придружи на врвот на Евролигата.
Погледнете го шоуто на Руди во втората четвртина:
https://twitter.com/i/status/1215380678797418496