Езџан Алиоски играше малку повеќе од дваесеттина минути за Лидс против Хал, но и тоа време му беше доволно да потврди дека е еден од клучните играчи на патот до пласман во Премиер лигата. Влезе во игра во 69-тата минута, а 13 минути подоцна со прекрасен гол стави печат на триумфот на својот тим.
https://twitter.com/LUFCMOTcom/status/1204526496477569024?s=20
За Алиоски ова е втор гол по ред откако беше стрелец и против Хадесрфилд во саботата, во големото дерби на Јоркшир. Македонскиот репрезентативец е втор најдобар стрелец на клубот во овие 15 кола, а постигна пет гола. Пред него е само Патрик Бамфорд, шпицот на Лидс со 7 погодоци.
Клубот од Јоркшир е во страшна форма и има 7 победи по ред, а вечерва со триумфот против Хал од 2:0 по 13-ти пат во 15 кола успеа да ја сочува мрежата без примен гол.
Лидс е лидер во Шампионат лигата со 46 бода и со серија од 10 меча без пораз, а еве како од клубот на „Твитер“ ја објаснуваат убавата низа од победи.
https://twitter.com/LUFCMOTcom/status/1204516776102502400?s=20