24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Како Лионел Меси и Кристијано Роналдо им посакаа среќна нова година на своите фанови? (Фото)

Милијарди честитки за Среќна нова 2021 година се испратија во изминативе 24 часа, а секако кога се работи за фудбалски план, најважни се честитки од двајцата најдобри фудбалери во изминативе две децении, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Ѕвездите кои ги освоија сите најзначајни трофеи на клупски и индивидуален план, преку социјалните мрежи упатија пораки за среќна да биде новата година.

Кристијано Роналдо заедно со својата девојка Георгина и нивните деца во типична новогодишна атмосфера ја прославија новата година, а Португалецот порача: „Нема сомнеж дека 2020 година воопшто не беше лесна година. Никој не може да остане индеферентен на болката и страдањето што ги нанесе Коронавирусот низ целиот свет. Но, сега е време сите заедно да покажеме дека можеме да го смениме тоа. Среќна нова година“, напиша Роналдо на својот Твитер профил.

Лионел Меси реши новата година да ја честита со фотографија од него во дресот на Барселона и само кратко порача: „Среќна нова година. Се надевам дека 2021 година ќе биде подобра година“.

 

- Оглас -

Најнови вести