Како мало дете: Радоста на Ричарлисон кога дозна дека ќе игра за Бразил на Копа Америка (видео)

Селекторот Тите денес го соопшти тимот на Бразил со кој ќе се обиде да нападне нова титула во Копа Америка, а меѓу 23-та репрезентативци се најде и фудбалерот на Евертон, Ричарлисон. Младиот офанзивец до последно чекаше да го прочитаат неговото име, а кога Тите го прозва, Ричарлисон почна да се радува како мало дете.

Убавата вест ја слушна во родното место Нова Венеција, во друштво со најблиските.

Инаку, Ричарлисон сезонава во Премиер лигата запиша 25 настапи за Карамелите, во кои реализираше 13 погодоци и две асистенции.

- Оглас -

Најнови вести