Му даде два гола и убав подарок – Како Меси го збуни пресреќниот голман на Елче (Видео)

Едгар Бадија прими три гола од Барселона, но беше пресреќен по завршувањето на мечот бидејќи го доби посакуваниот подарок од Лионел Меси.

Голманот на Елче прими два гола од аргентинскиот ас и по мечот истрча со спринт до Меси за да му го побара дресот. Меси веднаш реагираше со убав подарок за Бадија, но и го збуни со барањето да го добие неговиот голмански дрес.

Барселона го победи Елче со 3:0, со три прекрасни акции при кои Меси беше главен актер. Постигна два прекрасни гола, а потоа учествуваше и во акцијата за последниот гол, што беше дело на Жорди Алба.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести