Како може Валверде да биде пред Јирген Клоп?

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде го доби приматот за најдобар стратег во светот за 2019 година во изборот на статистиката на порталот Clubworldranking.com. Валверде стигна до 16.115 бодови и заврши далеку пред Јирген Клоп кој е второпласиран со 14.434 поени.

Математички е тешко да се објасни како е можно Валверде да заврши пред Клоп ако се гледаат успесите и резултатите на клубовите. Ливерпул во минатата сезона освои 97 бодови, што е 10 повеќе од Барселона. Точно е дека Ливерпул не стана првак на Англија, а Барселона го одбрани тронот во Шпанија, но затоа гигантот од „Енфилд роуд“ стана европски првак.

И во текот на оваа сезона, Ливерпул досега освои 49 од можните 51 бод, додека Барселона сезонава во Примера има освоено 36 бодови.

Трет на листата е тренерот на Ривер плејт, Марсело Гаљардо, кој освои 12.783 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести