Ова го може само Лионел Меси и никој друг. Седумкратниот освојувач на Златната топка, по повеќе од две децении поминати во Европа, реши да си замине и потпиша за Интер Мајами.
Вчера го стави потписот на договорот, а 24 часа подоцна дебитираше во дресот на новиот клуб и тоа на неверојатен начин. На меч од Лига Купот на Средна и Северна Америка против Круз Азул од Мексико, Интер Мајами победи со 2:1, а јасно е кој беше херојот на натпреварот.
Резултатот беше 1:1 и се играше 94 минута, кога беше досуден слободен удар за Интер Мајами. Нормално, Меси застана покрај топката и изведе фантастичен удар кој заврши во мрежата, за експлозија од воодушевување на трибините на стадионот во Мајами. Аргентинецот кој во игра влезе во 54 минута како резерва, покажа зошто е фудбалерот со најмногу Златни топки во историјата.