Како на филм: Во октомври растураше во македонската лига, сега е јунак во Шпанија!

Интересна е приказната за американскиот кошаркар Девон Грент, кому Македонија му беше отскочна штица во кариерата.

Грент својот прв професионален договор го потпиша во септември со македонскиот прволигаш Феникс 2010, а откако на три меча даде вкупно 85 поени (просек од 28,3 поени по меч), тоа не остана незабележано. Супер агентот Мишко Ранатови го однесе во Раднички Крагујевац, а минатата недела добил повик од шпанскиот Бреоган Луго и тоа му го смени животот. На дебито во шпанската лига, која е најсилна во Европа, даде 17 поени и беше јунак на својот тим во победата над Жирона.

Да останеше во Феникс, денеска ќе требаше да игра со Работнички, кому пред малку повеќе од два и пол месеца му даде 37 поени. Вака настапува во врвна лига и опциите за во иднина му се многу попозитивни.

- Оглас -

Најнови вести