Фудбалерите на Раднички од Ниш загубија убедливо на свој терен со 3:0 од ТСЦ, во меч кој беше одбележан поради неспортското однесување на капитенот на домаќините Александар Пејовиќ.
По првото полувреме немаше голови на стадионот „Чаир“, а на почетокот на вториот дел гостите постигнаа погодок за 1:0. Фудбалерите на Раднички брзаа да израмнат, кога во 63 минута се случи инцидент.
Капитенот на тимот од Ниш, Александар Пејовиќ, беспотребно нападна еден гостински фудбалер, само за да му ја земе топката и побрзо да изведе еден прекин. Пејовиќ најпрво го турна противникот, а потоа откако овој беше на земја, му даде и неколку удари со бокс.
Главниот судија не чекаше многу и му даде жолт картон на Пејовиќ, кој претходно имаше една јавна опомена, па заработи црвен картон.
Plači fudbale… može i pesnicama na terenima Superlige pic.twitter.com/k80w03MLvf
— sportsscandals (@sportsscandals1) July 31, 2022
По исклучувањето на Пејовиќ, гостите многу полесно од очекувањата постигнаа уште два погодоци за сигурен триумф од 3:0 на ова гостување во Ниш.