14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Менаџерите како на пазарче, бујрум две ѕвезди за 100 – На Челзи летово му ги понудија и Нејмар и Роналдо

Британскиот медиум „Ивнинг стандард“ објави информација дека на Челзи во овој преоден рок менаџерите му ги понудиле двете големи фудбалски ѕвезди Нејмар и Кристијано Роналдо.

https://twitter.com/goal/status/1543944068341850114?s=20&t=19TbblXfqQboA0G_6uY-iw

Статусот на Бразилецот во Пари Сен Жермен е неизвесен откако беше објавено дека парижаните сакаат да направат реконструкција на тимот и да се ослободат од Нејмар, па можеби и од Меси.

Кај Роналдо исто така ситуацијата е интересна и тој побара трансфер од Манчестер јунајтед, но засега нема клуб што е заинтересиран да плаќа огромна годишна плата од 30 милиони евра за 37-годишен играч.

Популарниот ЦР7 јавно преку менаџерот Жорж Мендеш му се нудеше на Баерн Минхен, но тие експресно одговорија дека не се заинтересирани.

Сега во игра е Челзи, клуб што има нов сопственик, Тод Боели, кој одобрил 200 милиони фунти за летни засилувања, па веднаш реагираа менаџерите Пини Захави и Жорж Мендеш и ги понудија и Нејмар и Роналдо како евентуални нови засилувања на клубот од Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести