Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала покажа човечка големина за време на посетата на римскиот Колосеум. Еден турист се шеташе низ една од најпознатите стари градби на светот облечен во дрес на Рома со презимето Дибала на грбот и тогаш Дибала направи потег за паметење.
Туристот во дрес на Дибала не знаеше дека фудбалерот е во негова близина, а кога Аргентинецот го видел навивачот, му пришол и го оставил без текст. Дибала му даде автограм на фанот, му се потпиша на дресот, а следуваше и заедничка фотографија.