Катар ќе игра против Јапонија во финалето на Азискиот куп откако убедливо со 4-0 славеше против Обединетите Арапски Емирати. Катарците доминираа и уште во првото полувреме дадоа два гола и стигнаа до сигурна предност против домаќинот на турнирот.
Стадионот во Абу Даби беше исполнет до последното место и очекуваа домаќините да се пласираат во финалето, но Катар се покажа како пресилен ривал. По постигнувањето на вториот погодок, Катарците почнаа да се радуваат, а тоа ги испровоцира навивачите, кои започнаа да фрлаат со чевли по играчите на победничкиот тим.
https://twitter.com/i/status/1090258401840386050
Во второто полувреме Катар даде уште два гола и ѝ нанесе катастрофа на селекцијата која играше на домашен терен и се надеваше на пласман во финалето.