Како најава за Боксинг деј: Погледнете како би изгледала табелата на Премиер лигата ако не постоеше ВАР (ФОТО)

Користењето на ВАР технологијата во Англија крена голема прашина, бидејќи сведоци сме на неколку катастрофални одлуки во последниве сезони.

Иако оваа технологија е воведена со цел олеснување на работата на арбитрите, резултатите се со половичен успех.
Сепак, од ФИФА и УЕФА работат на подобрување и усовршување на овој систем, па во периодот пред нас, и на Светското првенство во Катар, треба да се увериме во сето ова.

Во меѓувреме, на интернет се појави табела направена од АЈ-ЕС-ПИ-ЕН (ESPN) за тоа како би изгледала табелата доколку не постоеше ВАР.

Генерално нема голема промена, а се чини дека највеќе „штета“ од овој систем има најбогатиот клуб, Њукасл, кој според првичните одлуки на судиите би бил надвор од зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести