Како нѐ најави УЕФА? Вреди да се гледа мечот меѓу Германија и Македонија

УЕФА ги најави трите најинтересни дуели за денеска во третото квалификациско коло за настап на Мундијалот во Катар, а меѓу нив е и пресметката во Дуизбург меѓу Германија и Македонија од 20.45 часот.

„Македонците се пред сериозен предизвик на гостувањето во Германија, на меч меѓу два учесници на Европското првенство. Капитенот Горан Пандев успеа и да одмори малку на претходниот меч со Лихтенштајн, а сега е прашање дали може да помогне да се случи чудо во Дуизбург“, објави УЕФА.

Вечерва за првпат ќе играме против четирикратниот светски првак, а Германија ќе ни биде домаќин во последниот квалификациски меч, пред стартот на Европското првенство.

Вечерва се играат 15 натпревари од третото квалификациско коло во европските квалификации за настап на Мундијалот во Катар идната година, а УЕФА го одбра мечот меѓу Англија и Полска како дерби на денот, а заедно со натпреварите меѓу Германија и Македонија и Австрија со Данска во топ-3 најинтересни вечерва.

 

- Оглас -

Најнови вести