Екипата на Вулверхемптон е победник на Премиер лига азискиот куп, откако во финалето, дури по подобро изведување на пенали го победи Манчестер сити. Во регуларните 90 минути немаше погодоци, иако токму Сити имаше повеќе шанси да се израдува на гол.
Најдобрата шанса во регуларниот дел ја пропушти Рахим Стерлинг, кој промаше пенал во 21 минута. Англискиот репрезентативец сакаше да пласира, но неговиот удар беше толку непрецизен што многумина почнаа да се шегуваат дека Стерлинг со тој шут сакал да го прослави јубилејот од 50 години од спуштањето на човекот на Месечината.
Man City's Raheem Sterling with his own personal tribute to the 50th anniversary of the lunar landing by firing a penalty to the moon.
— Robin Bairner (@RBairner) July 20, 2019
Првото и засега единствено слетување на Месечината беше на 20 јули 1969 година, а денеска Стерлинг толку лошо го изведе пеналот, што според многумина ја испрати топката директно кон Месечината.
Sterling pays tribute to Riyad Mahrez on winning the AFCON.https://t.co/gHvEkwJV2x
— Man City Delhi Supporters Club (@ManCityDelhi) July 20, 2019
Лошото изведување на пеналите на играчите на Сити продолжи и во „пенал-рулетот“. Од пет шута, играчите на англискиот првак промашија три пати. Непрецизни беа Гундоган, Давид Силва и Нмека. Ваквите промашувања, екипата на Вулверхемптон ги искористи и на крајот победи со 3:2 на пенали и се израдува на трофејот.
По завршување на мечот, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола даде едно ветување, а тоа е дека во следниот период дефинитивно неговите играчи ќе вежбаат изведување на удари од белата точка.