Стивен Џерард повторно е херојот на Лливерпул. Поранешниот капитен на „црвените“, беше стрелец на победничкиот гол во дуелот меѓу легендите на Ливерпул и Милан, одигран на „Енфилд Роуд“. Домаќините победија со 3:2, а Џерард го даде победничкиот гол и тоа во последната минута од мечот кој имаше хуманитарен карактер.
Легендата на Ливерпул потсети на времето кога знаеше да блесне токму кога е најпотребно за да ги израдува фановите на „Енфилд Роуд“. На хуманитарниот меч Ливерпул водеше со 2:0, но Милан не се предаде и стигна до 2:2. Посебно убав гол даде Андреа Пирло од слободен удар, а тоа може да го погледнете ТУКА.
Сепак, да не биде нерешено, се погрижи Џерард. Дуелот се играше два пати по 40 минути, а токму во последната 80-та минута, Џерард направи мајсторски потег и успеа од 20-тина метри да погоди за победа од 3:2 и тоа на голот кој е токму пред трибината „Коп“, каде што се најверните навивачи на Ливерпул.