Тренерот на Жирона лут на судиите, смета дека победата им е „украдена“ (Видео)

Жирона е најпријатното изненадување во европслиот фубал сезонава. Тоа е тимот кој и по повеќе од 20 одиграни кола, е во трка за титулата во шпанското првенство. Делува речиси неверојатно дека Жирона до пред неколку денови беше лидер во шампионатот каде царуваат Реал Мадрид и Барселона.

Малиот клуб од Каталонија, синоќа пропушти шанса да се врати на лидерската позиција, откако на свој терен одигра без голови против Реал Сосиедад. Со реммито, Жирона освои само еден бод, но домаќините може да жалат што не собраа три бода, посебно поради една судиска одлука.

Во 24 минута од мечот, Жирона постигна гол преку Ерера, но судиите по прегледување на ВАР снимката решија да го поништат, поради офсајд позиција во која бил Савио Мореира. Сепак, тренерот на Жирона, Мичел Санчес е лут на судиите затоа што офсајдот кој е досуден се случил речиси една минута пред да биде постигнат голот.

Судиите во тој момент решија играта да продолжи, во меѓувреме, фудбалерите на Сосиедад имаа три контакти со топката и едноставно тоа се смета како нов напад на противникот.

„Не може да се суди нешто со дури 40 секунди задоцнување. Сигурно во Примера се загрижени затоа што се крева многу галама поради судењето. Мораме многу повеќе да се почитува натпреварувањето во кое сме дел“, вели тренерот на Жирона, Санчес, кој беше исклучен и нема да може да го води тимот на следниот меч.

На овој дуел со Сосиедад, жолти картони добија и Дејли Блинд и Јангел Ерера на кои им се петти жолти картони и ќе мора да паузираат во следното коло. Во следното коло Жирона гостува кај Реал Мадрид, што значи дека Жирона ќе биде драстично ослабена во дуелот кој може многу да реши околу трката за титулата.

- Оглас -

Најнови вести