Како никогаш да немало корона-вирус: Светот се восхитува што дербито во Белград се играше пред 20.000 гледачи

Партизан го победи вечниот ривал Црвена ѕвезда во јубилејното 200-то градско дерби. Погодокот на Натхо во 58-мата минута беше доволен за навивачите на Партизан да се радуваат на пласман во финалето од Купот на Србија.

Дуелот на стадионот на Партизан се одигра пред повеќе од 20.000 навивачи, а белградските ривали едноставно упатија порака до целиот свет дека фудбалот треба полека да се врати во нормала.

Едноставно, како воопшто да немало корона-вирус во Србија, за разлика од останатите европски земји, каде што во најголемиот дел воопшто не е дозволен влез на навивачите или е дозволено мал број фанови да присуствуваат на трибините.

Од цел свет пристигнаа позитивни реакции за тоа како изгледало дербито во Белград пред полни трибини, нешто што светот го немаше видено на фудбалски терен повеќе од три месеци. По мечот имаше и една неверојатна провокација од голгетерот на Партизан Садик, кој изјави дека едноставно морале да ги победат „циганите“.

- Оглас -

Најнови вести