Реал Мадрид и Барселона играат без голови по првите 45 минути на Ел Класико на „Сантијаго Бернабеу“. Најголемото фудбалско дерби во светот како и секогаш носи многу возбудувања, но малку е нетипично дека офсајдите се тие кои доминираа во првиот дел.
Фудбалерите на Реал Мадрид дури осум пати беа во недозволена позиција, поради што имаат и еден поништен гол. ВО 30 минута Килијан Мбапе даде гол, но ВАР техниката покажа дека Французинот е во офсајд. Голгетерот на Реал Мадрид кој го игра првото Ел Класико, дури шест пати беше во офсајд.
Играчите на Барселона еднаш беа во офсајд, а статистиката покажува дека каталонскиот гигант имаше поголем посед на топка и упати повеќе шутеви кон противничкиот гол.
Двата тима имаа свои шанси за погодок, но по првиот дел, мрежите мируваа.