Како од бајките: На 100-годишнината во еден луд меч го постигнаа најголемиот успех (Видео)

Екипата на Јерв за првпат во клупската историја се пласира во Првата лига во Норвешка. Ова е првпат Јерв да обезбеди место во елитното друштво, и тоа на прославата на 100-годишнината на клубот кој е формиран во 1921 година.

Јерв до историскиот успех стигна по победа на пенали во еден неверојатно драматичен меч против многу попопуларниот клуб Бран. Во баражот, Бран беше голем фаворит. Тоа е тим кој играше и во Лигата на Европа во сезоните 2017/18 и 2019/20, но сега мора да игра во втората лига во Норвешка.

Мечот за Првата лига започна со водство на Јерв во 29-тата минута, а Бран промаши пенал во првиот дел. На почетокот на второто полувреме Бран израмни на 1:1, а фаворизираниот тим доби уште еден пенал во второто полувреме, па мораше да се играат дополнителни 30 минути.

Продолжението беше шоу во кое имаше дури шест гола. Јерв од пенал поведе со 2:1, а во 112-тата минута веќе беше и 3:1. Бран брзо возврати и со погодоци во 114-тата и во 116-тата минута стигна до 3:3, но тоа не беше крајот.

Во следниот напад Јерв погоди за 4:3, а Бран израмни на 4:4 буквално во последните секунди, односно во 120-тата минута, па мораа да се шутираа пенали. Во пенал-рулетот, по првите пет серии двете екипи погодија по четири пати, па возбудувањата продолжија. Дури во деветата серија Тејлор промаши за Бран, а Ибрахим погоди за Јерв и тоа беше крај на мечот. По 1:1 во регуларните 90 минути, по 4:4 во 120 минути игра, на крајот Јерв победи со 8:7 на пенали и се избори за место во Првата лига на Норвешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести