Како почна на легендарната „Маракана“, Де Паул дриблаше голуб (Видео)

Аргентина рутински ја победи и елиминира Венецуела во четвртфиналето на Копа Америка, а интересен момент имаше на самиот почеток на легендарната „Маракана“.

Родриго Де Паул беше во дуел со двајца играчи на Венецуела, а во битката се вмеша неочекуван противник, голуб, кој за малку ќе беше прегазен од играчот на Удинезе. Сепак никој не настрада, па птицата успеа да го издржи дуелот со Де Паул и потоа успешно полета.

Погледнете го невообичаениот момент од третата минута на мечот меѓу Аргентина и Венецуела што заврши со победа на Гаучосите од 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести