Викендот и осмото коло во Ла Лига беа како порачани за шампионот Атлетико Мадрид, а го зачини и поразот на Севилја вечерва од Гранада со 0:1.
Севилја имаше шанса да ги стигне Атлетико, Реал Мадрид и Реал Сосиедад на врвот на табелата со по 17 бода, но загуби од Гранада и остана на 14 бода со меч помалку.
Претходно Атлетико ја победи Барселона со 2:0 во дербито на осмата рунда и се радуваше на пораз на Реал против Еспањол со 2:1 во Барселона, па го стигна големиот ривал на табелата, а убавиот викенд не им го расипа ниту Реал Сосиедад.
Баскијците од Сан Себастија можеа да бидат осамени на врвот на табелата ако го победеа Хетафе во Мадрид, но и тие беа скромни, па одиграа само нерешено 1:1 против Хетафе.
Атлетико освои големи три бода против Барса, па сега трката за одбрана на титулата ја продолжува од одлична позиција со 17 бода израмнет со Реал Мадрид и Реал Сосиедад.
Ако Севилја победи во заостанатиот меч што допрва треба да го одигра, може да се израмни со трилингот водечки екипи во Ла Лига.