0.8 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Како против Данска која има играчи од Барса, Манчестер, Арсенал, Челзи, Порто, Марсеј, Наполи…

Македонската репрезентација ќе има пеколно тешка работа на гостувањето против Данска во полуфиналето на баражот за Светско првенство.

На 26 март 2026 Црвено-жолтите ќе треба да победат тим кој на „Паркен“ во Копенхаген има само два порази во последните четири години и тие порази беа од моќната Шпанија, како и од Хрватска.

Ако се погледне почетниот состав на Данска на гостувањето во Шкотска, кога неколку минути ги делеа од директен пласман на СП, може да се заклучи дека имаат многу посилен и поскап тим од нашиот. Речиси сите им се од клубови од Топ 5 лигите, имаат поединци од Барселона (Кристенсен), Манчестер јунајтед (Доргу), Наполи (Хојлунд), Лацио (Исаксен) и други големи клубови, а и тие што не се од топ лигите, играат за некогашните европски прваци Порто и Селтик или за Спортинг Лисабон, кој е учесник во ЛШ.

На клупата за резерви имаа играч како Кристијан Ериксен, кој сега е во Волфсбург, голманот Јоргенсен од Челзи, Норгард од Арсенал.

Но, надеж може да ни даде ремито 2-2 дома против Белорусија во претпоследното коло, кога си го искомплицираа патот до СП, а со победа ќе беа сигурни учесници.

- Оглас -

Најнови вести