„Франс фудбал“ за првпат од 1965 година нема да ја додели најпрестижната индивидуална награда Златна топка поради тоа што фудбалот претрпе принудна тримесечна пауза по пандемијата со корона-вирусот.
Неможноста ферски да се категоризираат индивидуалните перформанси на фудбалерите во посебни услови е причината што нема да се прогласува најдобар играч во 2020 година. Набрзо по потврдата стигна реакција од Барселона:
„Ја разбираме одлуката. Впрочем, сите знаеме кој е најдобриот“, алудирајќи на рекордните шест Златни топки на Лионел Меси.
We understand.
Besides, everyone knows who the best is.https://t.co/u8f3i307NN pic.twitter.com/mqWt1hvspg
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 20, 2020